Каков удар: Мароко ќе ја предизвика Франција без најдобриот стрелец на СП!

Фудбалската репрезентација на Мароко ќе биде значително ослабена во денешното четвртфинале на Светското првенство против Франција, откако остана без својот најдобар стрелец Исмаел Саибари.

Офанзивецот не успеа да се опорави од повредата заработена на осминафиналниот натпревар против Канада. 

Саибари досега постигна три гола на Мундијалот и беше еден од најзаслужните за историскиот пласман на Мароко меѓу осумте најдобри селекции. На самиот старт на Светското првенство тој го направи и трансферот на кариерата, бидејќи се сели во Баерн Минхен. Во мароканскиот табор се надеваа дека ќе биде подготвен за пресметката со Франција, но селекторот Мохамед Уахби потврди дека тоа нема да се случи.

„Саибари денес нема да игра. Се надевам дека ќе биде подготвен за следниот натпревар“, изјави Уахби.

Натпреварот меѓу Франција и Мароко се игра вечерва со почеток од 22:00 часот во Бостон.