Каков тим во моментов има Вардар: Дури 21 играчи се тинејџери!

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар означи старт на подготовките. Со нов тренер, Никола Илиевски Џиџи, како и нов асистент, во името на Бобан Грнчаров, вардарци стартуваа во подготовки за пролетта.

Мисијата е да се обезбеди опстанок, а дека тоа ќе биде доста тешко, говори податокот дека тимот е драстично подмладен. Џиџи ќе смета на 29 фудбалери, а дури 21 од нив се тинејџери, родени по 2002 година.

Најстар во екипата е Дејан Блажевски, потоа според годишната граница следат Филип Петковски, Бојан Најденов, Александар Игески, Виктор Велкоски, Филип Илиќ, Стефан Лазаревиќ и Мартин Мирчевски. И тие се. Само тие се со искуство во нозете. Другите играчи се млади, родени по 2000 година, за кои сениорскиот фудбал допрва стартува. Некои од нив играа под водство на Александар Васоски, но сега сигурно дека ќе имаат уште поголема улога во овој тим на Вардар затоа што седум играчи од првотимците кои беа пред нив, си заминаа.

  • Играчи со повеќегодишно прволигашко искуство во составот:

Дејан Блажевски (напад, 1985)
Филип Петковски (напад, 1990)
Бојан Најденов (среден ред, 1991)
Александар Игески (голман, 1992)
Виктор Велкоски (одбрана, 1995)
Филип Илиќ (голман, 1997)
Стефан Лазаревиќ (одбрана, 1997)
Мартин Мирчевски (среден ред, 1997)

  • Фудбалери родени по 2000 година:

Давид Велкоски (одбрана, 2000)
Фитор Реџепи (среден ред, 2000)
Анатолиј Петејчук (одбрана, 2002)
Александар Ѓуркоски (среден ред, 2002)
Виктор Крстевски (среден ред, 2002)
Фисник Салиу (среден ред, 2002)
Иван Мицевски (одбрана, 2002)
Мартин Радуловиќ-Величковиќ (одбрана, 2002)
Петар Гугуљанов (среден ред, 2002)
Ерин Парталко (напад, 2002)
Филип Ѓоргоски (одбрана, 2003)
Гоце Јовчев (голман, 2003)
Филип Ѓорѓиевски (одбрана, 2003)
Грегори Давков (одбрана, 2003)
Лука Стојковски (голман, 2003)
Абдулах Хасани (напад, 2003)
Петар Давидовски (среден ред, 2003)
Дарио Јовановски (одбрана, 2003)
Антонио Мирков (напад, 2003)
Лео Андрески (напад, 2003)
Георг Стојановски (напад, 2004)

Подмладениот Вардар првиот пролетен предизвик ќе го има веќе в недела. И тоа пролетната полусезона стартува со големото македонско дерби против екипата на Пелистер. Дуелот се игра во Скопје, а и двата тима до крајот на сезоната ќе бараат опстанок во елитата.