• Мартин Танасковски

Младиот 18-годишен фудбалер Тимоти Веа почна да оди по стапките на неговиот татко во фудбалот. Направи трансфер во Селтик, а на дебито го даде првиот погодок во дресот на шкотскиот тим.
Во рамки на четвртата рунда на Шкотскиот Куп против Ердрионианс, Веа доби шанса да игра од стартот. Напаѓачот го постигна првиот гол во шкотскиот клуб откако доби топка во шеснаесетникот и мајсторски покажа одлично чувство за гол и по земја го матира противничкиот чувар на мрежата.
Веа во редовите на Селтик е на позајмица од францускиот фудбалски гигант Пари Сен Жермен. Ќе игра шест месеци во Шкотска, за да го стекне потребното фудбалско искуство.