• Мартин Танасковски

Екипата на Феенорд доби ново име во својот тим и потпиша професионален договор со Шекил ван Перси, инаку син на холандската фудбалска легенда Робин ван Перси.
15-годишникот, кој со фудбал почна да се занимава во младинскиот тим на Манчестер Сити, а потоа играше и за младинските погони на Фенербахче додека неговиот татко беше во Турција, во 2017 година му се приклучи на Феенорд.
Оттогаш, крилниот играч работеше со младинските категории, а од први јули 2022 година ќе биде во У17-екипата на Феенорд и го доби првиот професионален договор. Двете страни потпишаа до 2025 година.
Неговиот татко Робин ван Перси ја почна и ја заврши кариерата во Феенорд. И во моментов тој работи во екипата од Ротердам, каде е асистент тренер.