Каков пропуст во Амстердам: Ајакс заборави да пријави фудбалер за ЛЕ!

Халер

Шокантна вест доаѓа од Холандија која вели дека Ајакс заборавил на еден од своите фудбалери, па не го пријавил на листата фудбалери, кои ќе конкурираат за настап во Лига Европа.

„Копјаниците“ на мечот со Лил во 1/32-финалето против Лил, но и до крајот на европската сезона, ќе мора да играат без Себастиан Халер.

„Халер веројатно е разочаран, но реален. Тој знае дека грешките не се прават намерно. Ова не е прашање на забава, туку голема непријатност за играчот, сепак, не го донесовме непотребно. Тоа го покажа веќе во јануари. Направена е компјутерска грешка. Нешто тргна наопаку таму. Тоа е мала работа, која со себе донесе големи последици“ , изјави тренерот Ерик тен Хаг.

Првиот натпревар ќе се игра на 18 февруари во Лил, и нема сомнение дека на холандскиот гигант многу ќе им недостасува напаѓачот.