Каков прогрес: Тимот кој го шокира Мадрид пред три години загуби од Шкендија!

Шериф Тираспол е клубот кој е во центарот на европската фудбалска јавност. Молдавскиот шампион го совлада големиот Реал Мадрид и тоа среде Шпанија (1-2), во деби-учеството во Лигата на шампионите.

Оваа година Шериф испишува историја. Ги исфрли балканските гиганти Динамо Загреб и Црвена Звезда од квалификациите, а во групната фаза има две победи на две меча. Но, дали се сеќавате дека пред три години Шериф беше гостин во Македонија?

Сегашниот шампион на Молдавија играше во квалификациите за Лигата на шампионите со Шкендија. И, испадна од тетовчани. Во 2018 година во првиот дуел во Скопје, Шкендија со голот на Ибраими беше подобра од Шериф, додека реваншот заврши 0-0.

Каков прогрес... пред три години губеа од македонскиот првак, а сега пред нив падна најголемото и најтрофејното име во фудбалска Европа...

Состави

Карло Анчелоти

4-4-2

    Yuri Vernydub

    4-4-2