• Мартин Танасковски

Адем Љајиќ се врати во српскиот фудбал и веднаш ја покажа својата класа. Уште на првиот натпревар за Нови Пазар постигна голчиште за паметење и го крена на нозе родниот град.
Нови Пазар дома го победи Напредак, а Љајиќ го даде голот за победа. Се играше 67. минута, кога српскиот фудбалер испрати една бомба од далечина во мрежата на ривалот.
- Голот на Адем Љајиќ на натпреварот Нови Пазар - Напредак:
Љајиќ е поранешен српски репрезентативец, а низ историјата играше во Серија А, за екипи како Фиорентина и Интер каде стекна големо искуство и се покажа како звучно засилување.