Каков пад на кариерата: Ливерпул го плати 60 милиони евра, а сега е позајмен во Ференцварош

Многу играчи прескокнуваат клучни чекори во својата кариера само за да облечат дрес на голем клуб, каде што не ги оправдуваат очекувањата. Вообичаено следува голем пад, а таков е и случајот со некогашниот член на Ливерпул, Наби Кеита.

Во летото 2018 година Ливерпул плати 60 милиони евра за Кеита и беше најавен како големо засилување. Играчот од средниот ред од Гвинеја не ги оправда очекувањата на 129-те натпревари кои ги одигра за Ливерпул, па го напушти клубот.

Тој минатата година како слободен играч го напушти Ливерпул и се врати во Германија каде потпиша за Вердер Бремен. Од летото 2023 година до денес, тој забележа само пет настапи за германскиот тим, пред сè поради тоа што поголемиот дел од времето беше повреден. Го мачеа повреди и додека беше во Англија, а сега направи нов чекор назад во кариерата. Германскиот тим реши да се ослободи од него. Неговата следна дестинација е Унгарија, каде ќе игра за Ференцварош.

Наби Кеита ќе игра во Ференцварош до крајот на тековната сезона како позајмен играч, по што унгарскиот тим ќе има опција за откуп. Интересно е што денес овој фудбалер според „Трансфермарт“ вреди само еден милион евра.

Без разлика на се, Кеита може да се пофали дека некогаш со Ливерпул бил шампион на Англија и на Европа.