• Горан Упале
Фудбалерот со македонски корени, Милан Илоски, блесна со три погодоци во натпревар полн со голови, во кој Интер Мајами ја совлада Филаделфија Унион со 6-4.
Илоски имаше фантастичен старт, постигнувајќи два гола уште во воведните десет минути – најпрво во третата, а потоа и во десеттата минута, со што му донесе предност од 2-0 на својот тим.
Сепак, мечот доби сосема поинаков тек, а Илоски својот трет погодок го постигна во судиското продолжение од првото полувреме, кога израмни на 4-4. Првите 45 минути донесоа дури осум гола и вистински спектакл.
На спротивната страна, хет-трик запиша и Луис Суарез, кој беше стрелец на половина од головите за Интер Мајами. Лионел Меси учествуваше со две асистенции, но не го заврши натпреварот, бидејќи во 73. минута се повлече поради повреда и замина директно во соблекувалната.
Инаку, фудбалерите на Филаделфија на овој натпревар настапија со специјални дресови по повод претстојниот Мундијал, па така на градите на Илоски блесна македонското знаме.




