Каков малер: Нејмар пак се повреди и теренот го напушти во солзи! (ВИДЕО)

Бразилската ѕвезда Нејмар доживеа нова повреда која делуваше загрижувачки за навивачите и сите во Сантос. 33-годишникот го напушти теренот во 34. минута од мечот против Атлетико Минеиро во четвртото коло на бразилската Серија А. 

Откако неговиот тим поведе со 2-0, Нејмар се здоби со нова повреда. Бразилецот при интервенцијата на лекарскиот тим пушти солзи, а тоа никогаш не е добар знак бидејќи фудбалерите обично чувствуваат кога ситуацијата е посериозна.

Нејмар емотивно излезе од теренот со солзи во очите, соиграчите му дадоа поддршка, а навивачите и сите останати се надеваат дека ѕвездата ќе мине полесно.

Оваа повреда фрли сенка на јубилејот за Нејмар, кој го одигра стотиот натпревар на „Вила Белмиро“ и поради тоа на почетокот излезе со дрес на кој имаше број „100“.