Каков малер: Му изгоре куќата додека примаше награда за најдобар шпански стрелец

Фудбалерот на Хетафе, Борха Мајорал доживеа многу непријатна ситуација, и тоа токму на денот кога ја доби наградата за најдобар домашен стрелец во шпанската Примера

Мајорал присуствуваше на церемонијата каде ја доби наградата за неговите 15 постигнати голови минатата сезона, но во исто време се случил пожар во неговата семејна куќа, во кој целосно изгорел првиот кат и била причинета значителна материјална штета. 

„За среќа, сите во семејството се добри и минаа без повреди. Минаа низ страшни сцени, но мислам дека нема да остават големи последици. Им благодарам на сите кои бргу реагираа, особено сум им благодарен на пожарните бригади“, изјави Мајорал.

Пожарникарските екипи бргу реагирале и го ставиле пожарот под контрола, но сепак куќата во моментов нема услови за живеење и Мајорал ќе мора да пронајде привремено престојувалиште.