ВИДЕО: Каков мајстор – Зијеч го даде голот на вечерта во ЛШ!

Иако е рано да се носат заклучоци затоа што дуелите тукушто почнаа, сепак, според реакците на љубителите на фудбалот, Хаким Зијеч го даде голот на вечерта во фудбалската Лига на шампиони.

Ајакс дојде до предност на гостувањето кај Валенсија во раната фаза од мечот (0-1), а Зијеч даде погодок за паметење. Офанзивеот уште еднаш покажа дека е голем мајстор и откосо ја стресе мрежата на „лилјаците“.

  • Голот на Хаким Зијеч против Валенсија:

Асистент на погодокот на Зијеч во дресот на Ајакс е српскиот репрезентативец Душан Тадиќ.