ВИДЕО: Каков киксер – голманот на Вотфорд неверојатно му подари погодок на Арсенал!

Екипата на Арсенал запиша минимална победа на гостувањето кај Вотфорд (0-1) поради неверојатен кикс на голманот на домашните.

Бен Фостер, некогашниот чувар на мрежата на Манчестер Јунајтед, а сегашен член на Вотфорд, се посрамоти во 10. минута од мечот. Еден од дефанзивците го проигра, а тој наместо веднаш да се ослободи од топката, реши да си игра со оган во шеснаесетникот.

  • Грубата грешка на Фостер и голот на Обамејанг: 

Ситуацијата ја искористи Пјер-Емерик Обамејанг кој дојде до топката и ја смести во мрежата на Вотфорд за конечен триумф на „топџиите“.

Домашниот тим имаше голем хендикеп на овој натпревар, затоа што покрај негативата од еден гол, заврши и со играч помалку, поради црвениот картон на Дини во 11. минута.