• Мартин Танасковски

Волфсбергер на реактивацијата на австриската Бундеслига дојде до победа на гости кај Штурм Грац (1-3), а првиот гол за гостите беше вистинско ремек-дело за најавните шпици.
Резултатот се отвори пред крајот на првото полувреме, кога реализира најистурениот напаѓач Вајсман. Тој доби топка во казнениот простор од Јојиќ кој го проигра со глава, па изведе феноменални „ножички“.
- Одличниот гол на Вајсман во дресот на Волфсбергер:
Волфсбергер со победата го искористи киксот на ЛАСК и се искачи на второто место во автриската Бундеслига, со што до крајот на сезоната ќе се бори за место во Лигата на шампионите.