• Мартин Танасковски

Брегалница од Штип важи за еден од кандидатите за директна промоција во Првата лига, а на мечот против Осогово „сините“ во предност ги донесе Иван Галевски со еден атрактивен гол.
Течеше 38. минута кога играчот на штипјани покажа дека има „топ“ во ногата. Шутираше од преку 25 метри и ја стресе мрежата на домаќинот на стадионот „Никола Мантов“.
Сигурно е дека голот на Галевски е еден од најубавите ова коло во Втората лига.