Каков феномен: Дебитираше за Бенфика четири години по потписот

Португалскиот гигант Бенфика со тешка мака славеше над Тондела (1-0), а натпреварот го одбележа дебито на фудбалер кој пред четири години потпиша со клубот, но немаше ниту еден официјален настап.

Се работи за Адел Тарабт, 29-годишниот Мароканец кој игра во средниот ред. Тој потпиша официјален договор со Бенфика во 2015 година, но, верувале или не, немаше ниеден настап за сениорскиот тим досега.

За четири години тој играше само за Б-тимот на Бенфика, а мина и една година во Џенова, како позајмен, во сезоната 2017/18. Тарабт на терен влезе во 71. минута, на местото на Пици, а изненади со своето издание и доби пофалби за играта од тренерот Лаж.

Бенфика во португалскиот шампионат е лидер, а голот вреден три бода против Тондела го постигна Харис Сеферовиќ во 84. минута.