ВИДЕО: Како во најдобрите денови – Рибери буквално ја „измеша“ одбраната на Наполи

Екипата на Фиорентина забележа уште еден пораз во Серија А, откако на свој терен со 0-2 загуби од Наполи, а потегот на натпреварот му припадна на домашниот фудбалер Франк Рибери.

Поранешниот француски репрезентативец нè наврати на неговите фудбалски „магии“ од минатото, откако по водството на противникот имаше фантастична соло-акција, која што за жал не заврши со погодок. Искусниот офанзивец како да беше лут на водството на противникот, и буквално со серија дриблинзи ја „измеша“ противничката одбрана, но на крај не ја погоди целта.

  • Дриблинзите на Рибери против Наполи:

38-годишниот Рибери во Фиорентина пристигна во јуни 2019 година, а претходно 12 години го носеше дресот на Баерн Минхен.