Како Тотенхем ги „изигра“ Јунајтед и Јувентус и го доведе Ндомбеле! 

Вчера по пауза од 571 ден екипата на Тотенхем ги претстави првите две засилувања за следната сезона, откако ги договори потписите на младиот англиски фудбалер Џек Кларк и ѕвездата на Лион Тангуј Ндомбеле.

Трансферот на францускиот офанзивец изнесуваше 60 милиони евра, што е клупски рекорд на лондонскиот премиерлигаш. За услигите на Ндомбеле беа заитересирани уште Јувентус и Манчестер Јунајтед, а „Л'Екип“ открива како Тотенхем успеа да ги „изигра“ ривалите и да го обезбеди потписот на одличниот играч за врска. 

Ндомбеле пред два дена отпатувал за Лондон, но не бил сигурен дека ќе се договори со Тотенхем, бидејќи чекал информација од неговиот агент од Манчестер и Торино. Наводно, Јунајтед бил подготвен да ја плати бараната сума на Лион, но барал дополнително време за да ја расчисти ситуацијата со Пол Погба. Слично беше барањето и од страна на Јувентус. Италијанскиот шампион сакаше да се ослободи од неколку фудбалери за да може да обезбеди место за Французинот.

За тоа време, Маурицио Почетино ја искористи предноста и по долгочасовен разговор го натера Ндомбеле да потпише со Тотенхем, а претседателот Даниел Леви ги заврши преговорите со Лион и трансферот вчера беше официјализиран.