• Мартин Танасковски
Додека трае репрезентативната пауза прволигашите одиграа пријателски натпревари. Сите пбоедија на тестовите, освен екипата на Работнички која доживеа изненадување против второлигаш.
Работнички се соочи со Башкими и загуби со 0-1. Меѓу „романтичарите“ дебитира новото засилување Бесир Демири. Брера го победи Осогово со 2-0 со головите на Олаосебикан и Каланоски, а со два гола разлика славеше и Шкендија над Беса (3-1).
Гостивар беше убедлив со Македонија ЃП (4-1), исто беше и со Вардар, кој со два гола на Закариќ и по еден на Омерагиќ и Николовски славеше над Еуромилк Горно Лисиче (4-0).
Тиквеш преку Витор кој беше двоен стрелец, Леонардо и Маневски ја совлада Победа (4-0), Шкупи беше подобар од Арсими (3-0) со головите на Кадриу, Јумеми и Тамба, а исто и Силекс ја победи Брегалница (2-1) благодарение на двојниот стрелец Ади Алиќ.
Првакот Струга се соочи со У19-репрезентацијата на Македонија и победи со 3-0 со головите на Касами, Такахара и Радески. Пелистер и Воска Спорт засега не објавија информации за пријателски натпревари.