ВИДЕО: Како се губи титула во 99. минута? Прашајте го Ајакс!

Холандската Ередивизие влезе во драматичен финиш, а тимот кој водеше скоро цела сезона, веројатно и ќе ја загуби титулата. Ајакс прими доцен гол кај Гронинген и го загуби лидерското место на табелата.

Гронинген му заврши голема работа на ПСВ Ајндховен, затоа што во 99. минута му даде гол на Ајакс и извлече реми со фаворитот (2-2). По еден прекин, целиот тим на Ајакс реагира лошо, а Гронинген даде гол и прослави лудо.

Сега на табелата ПСВ Ајндховен е прв со 76 бода, пред Ајакс со 75 бода. „Копјаниците“ четири кола немаат победа. ПСВ во последното коло игра со Спарта Ротердам, додека Ајакс е домаќин на Твенте.

Секако, ништо не е загубено, се е можно во последното коло, но тешко е да се верува дека ПСВ ќе прокоцка ваква шанса.