ВИДЕО: Како Петрески „ќари“ вечера од Спасески со евроголот за Куп-титула на Вардар

Вардар ја освои последната „двојна круна“ во 1995 година откако во финалето од Купот на Македонија славеше над Силекс (2-1), а има интересна анегдота за двојниот стрелец за победникот на овој меч.

Горан Петрески го донесе трофејот во витрините на вардарци, со два гола во мрежата на Силекс. Посебно добар беше вториот со еден бомбастичен удар од далечина. Поради евроголот вреден титула, Петрески си „ќарил“ вечера од тогашната ѕвезда на тимот, Мирко Спасевски.

„Тоа беше негов прв гол надвор од шеанесетникот и ме чини една вечера што радо ќе ја платам. Ова му е трета година од Вардар, а прв гол надвор од шеснаесет метри. Јас го стимулирав со вечера. Имавме облог. Му кажав дека за првиот гол што ќе го даде надвор од казнениот простор ќе добие вечера. Јас за овој гол би го честел две вечери, не една“, кажа Спасески непосредно по освојувањето на Куп-пехарот.

  • Голот на Петрески и изјавата на Спасевски:

Петрески, кој меѓу фудбалските работници е познат под надимакот „Чунга Лунга“ моментално работи како тренер. Мирко Спасевски, пак, е дел од управата на фудбалскиот клуб Вардар.