Како некогаш Роналдо: Мбапе со магичен дриблинг си поигра со двајца противници (ВИДЕО)

Фудбалерите на ПСЖ им се вратија на победите во Лига 1 и синоќа за првпат го израдуваа својот нов стратег Маурицио Почетино.

„Светците“ со сигурни 3-0 го совладаа тимот на Брест, а повторно на „Паркот на Принцевите“ блесна Килијан Мбапе. Иако има само 22 години, францускиот ас одушевува со своите квалитети, а тоа го докажа и на вчерашниот натпревар. При една соло акција во самиот финиш, во стилот на големиот Роналдо, измами двајца противници и му сервираше чиста позиција на Икарди за погодок.

  • Магичниот дриблинг на Мбапе:

Покрај Икарди, мрежата на Брест ја погодија уште Кин и Сарабија. Со оваа победа ПСЖ се искачи на втората позиција на табелата со 39 бода, еден помалку од лидерот Лион