ВИДЕО: Како некогаш Чилаверт и Сени - магија од слободен удар на голманот на Сеара

Голманот на бразилскиот прволигаш Сеара, Еверсон, беше во центарот на вниманието на натпреварот против екипата на Коринтијанс во рамките на 23. коло на бразилската Серија А.

Еверсон по само 18 минути игра ја најави големата победа на својот тим, постигна мајсторски гол од слободен удар, како некогаш што тресеа мрежи легендарните Рожерио Сени и Хозе Луис Чилаверт. 

На крај Сеара запиша победа од 2-1 и полека фаќа ритам во излезот од опасната зона во домашниот шампионат.