Како на филм: Навивач на Ајнтрахт скокна во море, за да избегне ќотек (ВИДЕО)

Ајнтрахт

Навивачите на Ајнтрахт Франкфурт во изминатите неколку сезони покажаа голема љубов кон својот клуб и на секое гостување патуваа во огромна бројка. Така беше и за време на дуелот против Олимпик Марсеј, во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Минатогодишниот победник во Лига Европа, на задоволство на своите навивачи, минимално го освои „Велодром“. Според снимките кои се појавија на социјалните мрежи, голем број инциденти се случиле пред и по мечот. Најинтересно беше видеото на кое се гледа како еден гостински навивач бега и скока во море, со цел да избегне ќотек од ривалите на францускиот претставник.

Германскиот тим ја запиша првата победа во елитното натпреварување. Стрелец на единствениот погодок на оваа средба во Франција беше Јеспер Линдстром во 43. минута од првиот дел.

Состави

Игор Тудор

4-4-2

    Оливер Гласнер

    3-4-2-1