ВИДЕО: Како „монструмот“ Нојер му одбрани два зицери на Ен Несири!

Мануел уште еднаш потврди зошто е најдобар голман во светот и еден од најдобрите на сите времиња. Неговите одбрани во финалето на Лигата на шампионите уште не ги заборавивме, а Германецот на својата архива додаде уште неколку кои на Баерн му го донесоа трофејот од Суперкупот.

Две интервенции се издвојуваат над другите и двете се одбранети зицери против Ен Несири наспроти себе. Најнапред во 89. минута Нојер одбрани кога сите ја видоа топката во мрежата. Младиот напаѓач, кој минатата сезона од Леганес дојде во Севиља не шутираше најдобро и му помогна да Нојер да го одбрани ударот.

На почетокот од првото продолжение Ен Несири пак излезе сам пред Нојер и кога се чинеше дека го совлада, инстиктивно со нога го одбрани ударот на противничкиот напаѓач.

Баерн Минхен веќе има четири титули по ред и ако ги освои и Суперкупот на Германија и Мундијалот за клубови ќе го повтори успехот на Барса која освои шест трофеи во една календарска година.