ВИДЕО: Како Мирсад Јонуз го минува карантинот во Скадар

Поранешниот македонски селектор, Мирсад Јонуз го препороди албанскиот суперлигаш Влазнија од Скадар и ако не дојдеше прекинот заради пандемијата од ковид-19, новиот суперлигаш можеше да приреди прворазредна сензација.

Деновиве, македонскиот стручњак го завршува задолжителниот карантин и едвај чека да се врати во тренажен процес со своите фудбалери. Албанската спортска телевизија, која ги поседува ТВ-правата за домашниот шампионат, „Суперспорт“, го посети Јонуз, кој објасни како ги минува овие денови.

Албанската Суперлига продолжува следната недела, а в среда на трети јуни од 17:30 часот, Влазнија, со Јонуз на клупата, му гостува на Фљамуртари.