• Горан Упале
Фудбалерите на Динамо Загреб и Хајдук го одиграа последното дерби во сезоната во 34. коло во хрватскиот шампионат. Натпреварот на „Максимир“ немаше никакво резултатско значење. Динамо ја обезбеди шампионската титула, која ја презема од минатогодишниот шампион Риека. Хајдук, исто така, ја подобри својата позиција од минатата сезона, обезбедувајќи го второто место.
Во општото лудило на теренот и трибините, имаше и еден голем инцидент. Домашните фанови, популарните „Бед Блу Бојс“ поставија голем транспарент на оградата од трибината, кој подоцна беше запален. Тамошните медиуми пишуваат дека тоа било „масло“ на гостинските навивачи, кои пак подоцна испратија порака од својот дел од стадионот: „Додека вие палите огнови, ние го палиме Максимир“.
Навивачите на Хајдук алудираат на трњанските огнови, кои традиционално се палат денес во Загреб. За среќа брзата реакција на пожарникарската служба спречи трагедија на легендарниот стадион во Загреб.
Инаку, домашниот тим извојува сигурна победа од 2-0.



