ВИДЕО: Како ли го одбрани ова – Облак со ВОНСЕРИСКИ РЕФЛЕКС спречи гол на Барди

Облак одбрана

Екипата на Леванте загуби на гостувањето кај Атлетико Мадрид, а за трите бода најзаслужен е домашниот голман Јан Облак.

Во завршницата на мечот, Словенецот направи фантастична интервенција и тоа по ударот со глава на нашиот Енис Барди. Македонскиот репрезентативец истрча на подалечната статива и солидно шутираше, но чуварот на мрежата на „јорганџиите“ одговори со вонсериски рефлекс.

Шансата на Барди за израмнување во Мадрид:

Атлетико се искачи на третата позиција заедно со Севиља, а Леванте остана на деветтото место на табелата во Примера.