Како легендарната песна на Боб Марли стана култен хит на навивачите на Ајакс?

Екипата на Ајакс престана да го живее својот фудбалски сон и доживеа елиминација од Лигата на шампионите. Холандскиот тим имаше предност од два гола во дуелот со Тотенхем, но следеше чудо, три гола во мрежата и крај на настапите.

Навивачите беа во шок и неверување, а на „Јохан Кројф Арена“ не се славеше со познатата песна на Боб Марли - „Three little birds“. Истата важи за химна на навивачите, а дали знаете како дошло до такво нешто?

Во 2008 година, Ајакс бил во исчекување на пријателски натпревар со Кардиф. Пред мечот имало доста инциденти на улиците, а полицијата решила да ги задржи навивачите на Ајакс на стадион по крајот на мечот, за да нема поголеми нереди.

„Ди-џејот“ кој бил на стадионот добил повик од полицијата дека мора да пушта музика и во наредните половина час за да ги опушти навивачите на Ајакс, па така, тој се одлучил за хитот на Боб Марли.

Така, песната на навивачите им влегла „под кожа“, а се слуша на мечевите во Амстердам и 11 години подоцна...