ВИДЕО: Како Лампард ја прослави својата најголема менаџерска победа!?

Некогашниот репрезентативец на Англија, Френк Лампард, синоќа ја оствари најголемата менаџерска победа во кариерата. 

Ова лето Лампард без многу размислување ја прифати понудата да седне на менаџерското столче на Дерби Каунти, а веќе испиша историја, откако успеа да го елиминира големиот Манчестер Јунајтед од Карабао Купот и тоа среде „Олд Трафорд“. Неговите избраници во ниту еден момент од мечот не им се уплашија на „ѓаволите“, успеаја да направат пресврт и да поведат со 1-2, а ним не ни скрши ниту голот за пенали на Фелаини во 96. минута. 

Во ударите од 11 метри Дерби беше непогрешлив и до големата победа стигна во осмата серија, а во продолжение погледнете како Френк Лампард го прослави овој голем успех на својот тим.

Лампард пред само пет дена стана татко по третпат, а триумфот на „Олд Трафорд“ е круна на неговата среќна седмица.