• Сашо Поповски

Европското првенство е еден од големите турнири кои добија нов термин на одржување поради коронавирусот.
На состанокот меѓу УЕФА и најголемите имиња на фудбалот во Европа беше донесена одлука овој собир да се премести за наредното лето. Сè уште официјално не е потврдено како ќе биде името на турнирот, а првичната порака од Нион гласеше:
„Турнирот и понтаму ќе биде познат како ЕП 2020“, стои во соопштението на УЕФА.
Неколку часа подоцна, оваа изјава беше демантирана со објаснување дека сè уште не е одлучено официјалното име на Европското првенство. Турнирот ќе се одржи во 12 европски градови, а финалето е закажано за Лондон, на 11 јули.
Македонија има можност да се избори за учество преку плеј-офот на Лигата на Нации. За тоа да го оствари, ќе мора да го победи Косово во полуфиналето, а потоа да биде поуспешна од победникот од дуелот Грузија - Белорусија.