Како ќе излезе на улица во Истанбул? Беше легенда на Бешикташ, а сега потпиша за Галатасарај!  

Долги години беше миленик на фановите на Бешикташ, но Рајан Бабел по само шест месеци откако ги напушти „црно-белите“ редови, се реши за шокантен трансфер. 

На почетокот на оваа година холандскиот ас го засили Фулам, а по завршувањето на премиерлигашката авантура се реши да се врати на Босфорот и стана нов член на турскиот гигант и голем ривал на Бешикташ, Галатасарај.

Тој потпиша тригодишен договор со тимот од Истанбул, а по сезона ќе заработува 2,24 милиони фунти.

По само неколку минути од официјализацијата стигна одговорот од фановите на Бешикташ, популарните „Черши“, кои му порачаа на Бабел подобро да не излегува на улиците на Истанбул.