• Иван Димовски
Додека Светското првенство 2026 се приближува кон самата завршина, веќе се зборува за следниот Мундијалот во 2030 година, кој ќе биде историски по својот формат.
Светското првенство ќе се одржи од 8 јуни до 21 јули 2030 година, а главни домаќини ќе бидат Шпанија, Португалија и Мароко. По повод 100 години од првиот Мундијал, воведните три натпревари ќе се играат во Јужна Америка, поточно во Аргентина, Уругвај и Парагвај, при што јубилејниот меч ќе биде одигран во Уругвај. Потоа турнирот ќе продолжи во Европа и Африка.
На првенството ќе учествуваат 48 репрезентации, распределени во 12 групи, а ќе се одиграат вкупно 104 натпревари. Во нокаут фазата ќе се пласираат првите две селекции од секоја група, како и осумте најдобри третопласирани. ФИФА разгледува можност бројот на учесници дополнително да се зголеми на 64.
Најголем дел од натпреварите ќе се играат во Шпанија, која предложи 12 стадиони, меѓу кои „Сантијаго Бернабеу“, „Камп Ноу“, „Метрополитано“ и „Сан Мамес“. Португалија кандидираше три стадиони, а Мароко шест. Првите натпревари во Јужна Америка ќе се играат на „Монументал“ во Буенос Аирес, „Сентенарио“ во Монтевидео и „Мануел Фереира“ во Асунсион.
Сè уште не е избран домаќинот на финалето, но најголем фаворит е обновениот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Во конкуренција се и „Камп Ноу“ во Барселона, како и новиот „Хасан II“ во Мароко, кој е во изградба. ФИФА веќе ги одреди и следниот домаќини за Светското првенство во 2034 година кое ќе се игра во Саудиска Арабија, додека Германија веќе најави интерес за организација на турнирот во 2038 година.


