Како капитен ја водеше Шпанија до тронот, па договори трансфер во италијански гигант!

Алваро Мората наскоро ќе стане нов играч на Милан, пишуваат повеќето италијански медиуми. Милан ја активираше откупната клаузула од 13 милиони евра од договорот на Мората со Атлетико Мадрид и ги договори условите на соработка на четири години.

Според „Газета дело Спорт“, Мората со потенцијални бонуси ќе заработува 5,5 милиони евра годишно.

До крајот на неделата се очекуваат лекарски прегледи и потпишување договор. Мората, кој беше капитен на Шпанија на Европското првенство, во Милан доаѓа како замена за легендарниот Французин Оливие Жиру.

Италијанскиот гигант планира да доведе и уште еден напаѓач, а меѓу главните кандидати се: Тами Абрахам од Рома, Никлас Фулкруг од Борусија Дортмунд и Џон Дуран од Астон Вила.