ВИДЕО: Ивановски полуде заради судиска грешка и за ДЕСЕТ СЕКУНДИ заработи два жолти картони

Мирко

Македонскиот фудбалер Мирко Ивановски имаше завршница за заборав на дуелот против Мезоковешт.

Неговиот Диосѓер запиша победа, но во надополнувањето 30-годишниот голгетер го загуби трпението и заработи два брзи жолти картони. Жестокиот протест по еден фаул врз него и непочитувањето предност не му се допадна на главниот судија кој веднаш го испрати во соблекувална.

Одлуката на судијата да досуди прекршок, да не сочека исход и да остави играта да тече е причината за реакцијата на битолчанецот, кој многу лесно можеше да постигне уште еден гол и да ја потврди победата. Чудната судиска одлука ги натера на реакција и останатите фудбалери на Диосѓер, но страстите се смирија, бидејќи брзо потоа беше означен крај на натпреварот.  

Во првата сезона како дел од Диосѓер, македонскиот интернационалец постигна шест погодоци.