Како играат „избрканите“ од Аморим од Манчестер Јунајтед?

И новата сезона за сезоната за новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, не тече според очекувањата. Иако победата над Сандерленд накратко го намали притисокот, критиките не запираат. Причината се фудбалерите кои Аморим ги сметаше за непотребни летово, брзо се адаптираа и се истакнуваат во новите средини, со што дополнително го ставаат под лупа.

Маркус Рашфорд, англискиот напаѓач, доби втор живот во Барселона. Во првите десет натпревари има забележано три погодоци и пет асистенции, со значително подобрена игра и дисциплина. Иако имаше сомнеж околу неговата мотивација, во клубот сега се задоволни од неговата професионалност. Тренерот Ханси Флик го пофали неговиот напредок, а Рашфорд активно учи шпански јазик и успешно се вклопува во атмосферата на тимот.

Данецот Расмус Хојлунд се прероди во Наполи, каде што за шест натпревари веќе има четири погодоци, меѓу кои два во Лигата на шампионите. Асистенциите од Кевин де Брујне му овозможија да ја покаже својата ефикасност, а белгискиот ас го споредија со Ерлинг Халанд. Тренерот Антонио Конте целосно му верува, а клубот сериозно размислува да ја активира опцијата за негов постојан трансфер вреден 32 милиони фунти.

Аргентинецот Алехандро Гарначо нема директен учинок во голови или асистенции, но Енцо Мареска му укажува сè поголема доверба. Играта му се подобрува, против Ливерпул покажа одлична динамика и енергија, што го охрабрува стручниот штаб на Челзи.

Џејдон Санчо летово се пресели во Астон Вила, но неговиот настап досега го обележаа здравствени проблеми и недостиг на форма. Играше само неколку минути во Премиерлигата, а договорот со Јунајтед му истекува на крајот на сезоната. Клубот не планира продолжување, што може да значи разделба по крајот на тековната кампања.

Бразилецот Антони повторно се најде во Бетис, каде што за кратко време стана миленик на навивачите. Веќе одигра пет натпревари и постигна израмнувачки гол против Нотингем Форест. Иако сè уште не ја достигнал врвната форма, во клубот веруваат дека наскоро ќе го врати препознатливиот стил на игра.

Камерунскиот голман Андре Онана изненадувачки му се придружи на Трабзонспор на позајмица. И покрај тоа што прими пет гола во четири натпревари, тој веќе стана миленик на навивачите и направи неколку брилијантни одбрани. Сепак, турскиот клуб не е сигурен дали ќе може да ја плати неговата цена.