ВИДЕО: Како Гачевски тренира додека е стопиран мак-фудбалот?

Македонскиот фудбал е стопиран поради коронавирусот, а исто така нема и тренинзи, по препорака на Влада која Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја прифати.

Играчите мора да бараат алтернативен начин за тренинзи, а еден од нив се домашните вежбалници. Видео на социјалните мрежи како тренира објави вардаровиот голман Филип Гачевски.

  • Тренингот на Гачевски:

Поради неможноста да се работи со топка, тој се држи подготвен на физички и на кондициски план. Вардар со нетрпение го чека продолжението од сезоната во ПМФЛ во која е на добар пат да се врати на тронот.