ВИДЕО: Како е ова можно - имаа 54 шута, 80% посед на топка, а на крај загубија

Потоси Зулиа

Фудбалерите на Насионал Потоси можат да жалат што го загубија последниот натпревар против Сулиа во рамки од Копа Судамерикана.

Конечниот резултат воопшто не ги отсликува случувањата на теренот кои целосно ѝ припаднаа на домашната екипа. Таа успеа да шутне 54 пати кон противничкиот гол, имаше 80% посед на топка, направи 533 додавања, за на крај да прими гол во 92. минута и да загуби на неверојатен начин.

  • Извeштај од натпреварот:

Гостите важеа за тотални аутсајдери на вчерашната средба и со многу среќа стигнаа до бодовите на ова тешко гостување.