ВИДЕО: Како да спречиш гол на противникот? Фрлаш уште една топка и решен проблем

Екипата на ПСВ Ајндховен по цели 13 натпревари во низа во домашниот шампионат, ја вкуси горчината на поразот оваа сезона.

Во големото дерби на холандскиот фудбал, ПСВ со 2-1 загуби од лутиот ривал Феенорд со 2-1, но мечот можеше да има различен тек на настаните доколку не се случеше бизарен момент во финишот. При една контра на тимот од Анјдховен некој од публиката се реши да уфрли уште една топка на теренот, при што главниот судија беше приморан да ја прекина акцијата и да досуди индиректен удар. 

Погледнете како беше спречена акцијата на фудбалерите на ПСВ: