ВИДЕО: Како да се застане Гендузи? Многу лесно, само повлечете го за долгата коса

Фелаини Арсенал

Англиското дерби помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал не разочара и донесе возбудувања, четири гола и поделба на бодовите помеѓу Жозе Мурињо и Унаи Емери.

Гостите од Лондон на двапати беа во предност, но не успеваа да го задржат водството подолг период, па на крај мораа да се задоволат со еден освоен бод.

На мечот имаше од се по нешто, па дури и влечење за коса, во режија на Маруан Фелаини. Иронична е постапката на Белгиецот во дуелот со младиот играч за врска на „топџиите“, Матео Гендузи, со оглед на неговата поранешна фризура.

Погледнете го дуелот во вториот дел на „Олд Трафорд“: