Како да лансира ракета: Хендерсон за малку ќе постигнеше гол од својот казнен простор (ВИДЕО)

Пред неколку години Асмир Беговиќ испиша историја во Премиер лигата и како член на Борнмут постигна гол од својот казнен простор против Саутемптон, а тоа вчера за малку ќе му успееше и на младиот Дин Хендерсон.

Во дуелот меѓу Шефилд Јунајтед и Арсенал, Хендерсон повторно ја демонстрираше својата моќ кога ја исфрла топката од својот казнен простор и за малку ќе го матираше колегата на спротивната страна, Мартинез. 

Импресиониран од силата на Хендерсон беше дефанзивецот на Арсенал, Шкодран Мустафи, кој се прашуваше со што се храни голманот на Шефилд Јунајтед.

„Не знам што му даваат и што јаде. Неговите дегажмани секогаш завршуваат многу далеку“, рече Мустафи.

Инаку, 23-годишниот чувар на мрежата е член на Манчестер Јунајтед, а во Шефилд настапува како позајмен фудбалер.