Како Абрахам со погодок против Кристал Палас доби уште една година во Челзи

Абрахам

Голгетерот на Челзи, Тами Абрахам, постигна погодок против Кристал Палас и помогна екипата да победи и да освои три златни бода во завршницата од сезоната.

Младиот напаѓач пред неколку недели побара од клубот да му даде нов договор и повисока плата. Но, со реализацијата на „Селхурст Парк“ си овозможи продолжение од една сезона во Лондон.

За тоа вината е во клаузулата која вели дека неговиот договор автоматски ќе биде продолжен за една година, ако тој постигне 15 гола во Премиер лигата.

Тоа значи дека неговата соработка со „сините“ на Френк Лампард важи до 2023 година.

Челзи стои на третото место на табелата и очајно се бори да избори пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.