Кака: Лукаку е најдобар напаѓач на светот, ме потсетува на Адријано

Кака

Поранешниот освојувач на „Златната топка“ и член на Милан, Кака, смета дека Ромелу Лукаку нема конкуренција, кога е во прашање титулата најдобар напаѓач на светот.

28-годишниот белгиски голгетер ова лето се врати во Челзи. Лани му помогна на Интер да ја освои титулата во Серија А, па прифати понуда одново да заигра за лондонскиот тим.

„Лукаку е број еден во светот. Ме потсетува на Адријано во најдобрите денови - има брзина, сила и интелигенција“, вели Бразилецот.

Со четири гола на изминатото Европско првенство, Лукаку ѝ помогна на Белгија да стигне до четвртфиналето.

Кака е во фудбалска пензија од 2014 година. Започна и заврши во Сао Паоло, а најголемите успеси ги постигна во Милан.