ВИДЕО: Кајзерслаутерн ја заврши бајката на Сарбрикен и ќе игра финале по две децении

Заврши овосезонската бајка за Сарбрикен во Купот на Германија. Третолигашот го исфрли Баерн, па Ајнтрахт од Франкфурт, но вечерва на домашен терен беше поразен од Кајзерслаутерн (0-2).

Така поранешниот шампион на Германија, а сега второлигаш стана првиот финалист на Купот. Утре ќе го дознае ривалот по одигрувањето на дуелот меѓу Баер Леверкузен и Фортуна Дизелдорф.

  • Извештај од натпреварот:

Победата ја најави Марлон Ритер, а по голот на Туре гостите се пласираа во осмото финале на Купот во клупската историја, а прво по 21 година, кога беа поразени од Баерн.