Кајзериспор е новиот клуб на Даниел Аврамовски

Уште еден фудбалер на шампионската генерација на Вардар си заминува преку гранкиците. По Тошевски и Најдовски во Тирана, Даниел Аврамовски се сели во Турција. Еден од најдобрите фудбалери во ПМФЛ минатата сезона ја прифати понудата на Кајзериспор и наскоро ќе биде претгставен во Турција. 

Аврамовски во Кајзериспор доаѓа како слободен играч и пак ќе игра на меѓународна сцена по искуствата во Србија и Словенија. Аврамовски е трет македонски интернационалец во турската Суперлига, по Ердон Даци од Коњаспор и Адис Јаховиќ од Анталијаспор.

Аврамовски настапуваше за Работнички, Црвена Звезда, Војводина и Олимпија Љубљана пред да блесне во дресот на Вардар минатата сезона. Тој ја продолжува низата на заминувања.  Претходно од Вардар си заминаа Леонид Игњатов и Азер Омерагиќ (Хајдук), Бојан Димовски (Академија Пандев), Филип Најдовски и Кристијан Тошевски (Тирана) Џемал Ибиши во (Локомотива Загреб), Евгениј Новак (Колос), Жуниор (Зарја).