• Зоран Мишевски

Додека го чека новиот тренер Емре Белозоглу, турскиот вицешампион Фенербахче забележа голема победа со привремениот тренер Дирк Кајт на клупата.
По пресвртот и победата на Фенербахче над Ливерпул со 3-2 во дуелот од третото коло на Лигата на шампионите, привремениот тренер на турскиот гигант и поранешен омилен фудбалер на двата клуба, Дирк Кајт, ја даде следната изјава:
„Ова беше неверојатна ноќ за нас. Да се победи Ливерпул е секогаш тешко, но да се направи таков пресврт од 0-1 и 1-2 покажува каков карактер има овој тим.
Сите знаат колку ми се драги и Фенербахче и Ливерпул, но вечерва мојата одговорност беше целосно кон Фенербахче и нашите навивачи кои го заслужуваат ова. Реков уште пред мечот дека треба да очекуваме неочекувано и да веруваме во нашиот план. Играчите дадоа сè од себе, покажаа страст, а поддршката од трибините ни ги даде тие дополнителни крилја кога беше најпотребно“, рече Кајт.
„Црвените“ и минатата сезона во првата фаза загубија во Истанбул, но тогаш од Галатасарај со 1-0.






