Кај нив нема пријателски: Играчите на САД и Парагвај во масовна тепачка (ВИДЕО)

Соединетите Американски Држави го победија Парагвај во пријателски натпревар (2-1) во Честер. Сепак, средбата ја одбележа нефудбалскиот аспект, бидејќи пред самиот крај имаше масовна тепачка. 

Во борба за кој прв ќе ја земе топката беа Алекс Фриман и Густаво Гомез, тие се зафатија и се затуркаа, а тогаш следуваше вистински хаос. Соиграчите од двете репрезентации се затрчаа и направија огромна мешаница, каде што имаше буквално сè - од боксови, до влечење, туркање, па и некоја шлаканица. 

Гватемалскиот судија Корадо го реши хаосот со само два жолти картони и еден црвен за Алдерете од Сандерленд.