ВИДЕО: Кагава во топ-форма, „самураите“ со сигурен триумф пред СП

Репрезентацијата на Јапонија забележа победа на последниот пријателски меч пред Светското првенство и со 4-2 (0-1) славеше над Парагвај.

Иако имаа негатива по првиот дел, „самураите“ водени од Шинџи Кагава кој даде гол и двапати асистираше, дојдоа до триумф во вторите 45 минути. По голот на Ромеро во 32. минута, следеше погодок на Инуи во 51. минута, за потоа истиот фудбалер да погоди за 2-1 и да направи пресврт.

Третиот гол за Јапонците беше автогол на Сантандер, додека Кагава беше последен стрелец, а вториот гол за Парагвајците го даде Ортиз во 90. минута.