• Иван Димовски

Екипата на Рајо Ваљекано, по ремито со Атлетико пред четири дена, денес ја израдува својата публика во Ваљекас со висока победа (5-1) против Кадиз. Столе Димитриевски и соиграчите рутински дојдоа до трите бода, со „петарда“ во гостинската мрежа, против ривал кој натпреварот го заврши со деветмина.
- Извештај од натпреварот:
Рајо уште од стартот беше подобра екипа, меѓутоа долго време мрежите мируваа. Карселен направи пенал во 42. минута и за него заработи црвен картон, а од единаесет метри стрела Палазон за 1-0. Во судиското надополнување на првиот дел, Гарсија стрела за удвојување на предноста на домашните (2-0).
Кадиз доста менуваше во вториот дел, а за само девет минути два жолти картони заработи Алкараз и беше исклучен. Фактот дека имаа двајца играчи повеќе, фудбалерите на Рајо го искористија со два погодоци. Лежен и Камељо во 63. и 79. минута донесоа веќе огромни 4-0, пред Баљиу да си даде автогол и Кадиз да дојде до почесен погодок. Резервистот Нтека беше човекот кој заработи црвен во домашниот табор, ама и покрај тоа Лежен во финишот стрела за конечните 5-1.
Рајо Ваљекано се наоѓа на десеттата позиција со 15 бода, додека Кадиз е претпоследен со седум.