Каде „исчезна“ стариот и добар Салах, ќе го прекине ли постот?

Екипата на Ливерпул е се уште во борба за титулата во англиската Премиер лига и тоа без помошта на најдобриот фудбалер Мохамед Салах, кој два месеци има голгетерски пост.

Минатата година Салах беше номиниран за сите големи признанија, но оваа - тешко дека ќе се најде таму. И тоа поради лошиот старт на годината, затоа што во дресот на Ливерпул нема постигнато гол скоро два месеца.

Последниот погодок за „црвените“ Мо Салах го постигна на 9 февруари, кога Ливерпул го совлада Борнмут со 4-0. Шанса за прекин на постот, фудбалерот ќе има на дуелот против Саутемптон, кој се игра од 21:00 часот.